Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на локалните избори во двете општини, а во Тетово има драстичен пад на гласовите

300x250 opst2

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ двојно загубија на изборите, имаат и драстичен пад на гласовите во Тетово. Вака СДСМ ги коментира резултатите на опозициската партија на локалните избори во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, и за советници во Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Кандидатот на СДСМ и европската коалиција убедливо победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со разлика од 1.300 гласа. Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл, затоа што сакаше да пропаднат изборите. Сепак, победи кандидатот на владејачката коалиција со освоени над 3.000 гласови“, велат од СДСМ.

За советот на Тетово, од СДСМ коментираат дека партијата на Мицкоски има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.

„Во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ освоила 5.903 гласови, во 2021 4.052 а на вчерашните вонредни локални избори едвај 3.000 гласови. Нивниот коалициски партнер Левица исто така доживеа дебакл. Граѓаните им пратија јасна порака, не сакаат деструкции, блокади, анти европски и криминални ликови во политиката“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал