Утрински Весник
Спорт

Мурињо на шопинг во Торино, мета е Закарија

Жозе Мурињо има големи големи планови со Рома оваа сезона. Планот е Рома да се врати во Лигата на шампионите и доколку е можно да се нападне титулата во Серија А.

dobivaj vesti na viber

Рома во преодниот рок се засили со Пауло Дибала, Немања Матиќ, Џини Вајналдум… што јасно ги отсликува клупските амбиции.

Во првото коло, Рома ја победи Салернитана со минимален резултат, а за два дена ќе играат против Кремонезе. Во третата рунда Рома ќе игра против Јувентус.

Во пресрет на дербито, Рома покажа интерес за фудбалерот на Јувентус, Денис Захарија. Швајцарецот за симболична сума, во јануари пристигна од Борусија Менхенгладбах. Заминувањето на Швајцарецот би му помогнало и на Јувентус кој сака што поскоро да го заврши трансферот на Леандро Паредес од ПСЖ.

Мурињо нема да има лесна работа. Покрај преговорите со Јувентус, Закарија наводно го следи и Борусија Дортмунд.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина