Утрински Весник
Спорт

Белата точка среќна за Осасуна и Бетис

Осасуна и Бетис од белата точка успеаја да победата во првите натпревари од саботната програма во Примера. Осасуна го победи Кадиз, а Бетис славеше кај Мајорка. Двата тима имаат две победи во првите две кола.

dobivaj vesti na viber

Осасуна по триумфот над Севилја, успеа да го победи и Кадиз. Домашниот тим двата гола ги постигна од белата точка. Првиот пенал го реализираше Чими Авила, а вториот ветеранот Кике Гарсија.

Белата точак беше среќна и за Бетис. Пеналите што ги доби против Мајорка ги реализираше Борха Иглесијас. Напаѓачот на Бетис на своето конто има три гола во првите две кола.

Голот со кој Мајорка го израмни резултатот е дело на Муричи.

Главниот судија на овој натпревар покажа 15 жолти картони.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0