Утрински Весник
Спорт

Пораз на Лајпциг во Берлин

Фудбалерите на Унион Берлин вечерва го победија Лајпциг со 2:1, во натпреварот од третото коло на германската Бундес лига.

dobivaj vesti na viber

Водечкиот гол за домашниот тим го постигна Џордан Сибачо во 32. минута, а шест минути подоцна предноста на домашниот тим ја зголеми Шералдо Бекер.

Почесниот гол за Лајпциг го постигна дефанзивецот Вили Орбан во 83. минута.

Унион Берлин е на второто место со седум бодови, додека Лајпциг е на 11. место во Бундес лигата, без победа и со само два бода.

Во следното коло тимот од главниот град на Германија гостува кај Шалке, а Лајпциг го пречекува Волфсбург.



Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД