Утрински Весник
Македонија

Во Козле невремето собори лимен кров, оштетени неколку возила

Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи штета во Козле.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата Јуриј Гагарин.

Оштетени се неколку автомобили.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј”

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа

Aqua Park Пробиштип ја отвори јубилејната 15 сезона