Утрински Весник
Свет

(Видео) Големи поплави во Нов Зеланд, евакуирани стотици луѓе

Обилните врнежи кои со денови паѓаат во северниот и централниот дел на Нов Зеланд денеска се намалија, но жителите таму беа принудени да напуштат стотици домови.

dobivaj vesti na viber

Градот Нелсон, на јужниот остров во Нов Зеланд, беше најтешко погоден. Жителите од неколку стотици куќи беа евакуирани, а некои од нивните домови беа оценети како непогодни за живеење поради обилните врнежи.

Силниот дожд не го заобиколи ниту Северниот остров, каде што некои градови беа отсечени, патиштата беа поплавени, а луѓето беа принудени да ги напуштат своите домови. Во текот на изминатата ноќ беа извршени околу стотина нови евакуации. Во целата област околу Нелсон се евакуирани луѓе од вкупно 508 куќи.

Денеска метеоролозите забележаа слабеење на врнежите во северниот и централниот дел на Нов Зеланд, а предупредувањата кои важеа дотогаш беа отстранети.

Предупредувањата за обилни врнежи се уште се во сила за јужниот и југозападниот дел на Јужниот Остров.

Коментирајќи ја оваа природна катастрофа, британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска изјавија дека погодените Новозеланѓани се во нивните мисли.

„Штетата предизвикана од поплавите во Нов Зеланд е потсетник на огромниот напор што се бара од сите нас за да ја заштитиме нашата планета“, објави британската кралска двојка на Твитер.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците