Утрински Весник
Македонија

Приведени седум лица во Штипско, пронајдена е дрога

Во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето 2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19).

dobivaj vesti na viber

При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори.

Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја.

При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите.

По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов