Утрински Весник
Свет

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во последните години, соопштија регионалните здравствени власти.

dobivaj vesti na viber

Автобус се превртел на кривина на националниот пат во провинцијата Хурбиги, соопштија локалните власти.

Не е познато дали меѓу жртвите има и странски туристи. Според последните податоци, 23 патници загинале, а 36 се повредени, изјави доктор Рочди Кадар, регионален директор за здравство.

Автобусот патувал од Казабланка до руралниот регион Аит Аатаб, во близина на градот Бени Мелал.

Речиси 3.500 луѓе умираат, а 12.000 се повредени во сообраќајни несреќи во Мароко секоја година, според националната статистика. Во најтешката автобуска несреќа во историјата на земјата во 2012 година загинаа 42 лица,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен