Утрински Весник
Македонија

Во Битола запленети се 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра

Вчера во Битола лишени се од слобода пет лица, а запленета е дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.

При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата

Држава на старци – Владата размислува празните училишта да ги пренамени во старечки домови