Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Битола запленета дрога од 800.000 евра, приведени се пет лица

Пет лица се приведени, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Марихуаната била одгледувана во фирма за производство на канабис за медицински цели во Битола, и покрај тоа што Владата минатата година им ја одзела дозволата.

„По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, објавена во „Службен весник“ бр.121 од 03.06.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.04.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување на канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола“, информираа о МВР.

При извршениот претрес, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.ство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Држава на старци – Владата размислува празните училишта да ги пренамени во старечки домови

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници