Писателот Салман Ружди (75) е повреден откако беше избоден со нож на сцената пред говорот што требаше да го одржи во Чаутаука, утринава, во близина на Бафало.
Тој присуствуваше на дискусија за Соединетите држави како азил за писатели и други уметници во егзил и како дом за слобода на креативното изразување.
Ружди и претходно добиваше смртни закани за неговото пишување, а неговата книга „Сатански стихови“ предизвика протести во 1988 година.
NOW – Salman Rushdie is stabbed on stage in New York.pic.twitter.com/qFmYE6BC5E
— Disclose.tv (@disclosetv) August 12, 2022
Тој ги напиша Сатанските стихови, што резултираше со културна војна што беше започната во 1988 година во Британија – со протести
Пакистан ја забрани книгата, а иранскиот ајатолах Хомеини му издаде фатва – смртна казна, во февруари 1989 година.
Хомеини повика на смрт на Ружди и неговите издавачи, а исто така ги повика муслиманите да му укажат на оние кои би можеле да го убијат, ако не можат самите да го убијат.