Утрински Весник
Свет

Мексиканската армија заплени 1,5 тони синтетичка дрога во камион што превезувал сокови

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По дојава, мексиканските војници заплениле околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фентанил во прав на контролен пункт во северната погранична држава Сонора, соопшти војската, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Војниците, исто така, пронајдоа 816.486 апчиња за кои постои сомневање дека содржат фентанил, спакувани во 46 контејнери во средата.

Министерството за одбрана соопшти дека добило информација дека камионот кој превезувал концентрат од овошен сок во прав до пограничниот град Тихуана превезувал и дрога, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа