Утрински Весник
Свет

Поради големата суша, во Британија ќе се ограничува користење на водата

Dik 300x250 mk

Британското водостопанство „Јоркшир Вотер“ денеска објави дека од 26 август ќе воведе одредени ограничувања, со образложение дека во делови од регионот на северна Англија имало најмалку врнежи откако почнале да се бележат пред повеќе од 130 години, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

– Екстремно топлото и суво време предизвика исчезнување на реките во Јоркшир и нашите акумулации се за околу 20 отсто пониски отколку што би очекувале за овој период од годината – соопштија од компанијата.

Неколку други водостопанства веќе најавија рестрикции за користење на водата.

Забраната за црева и прскалки за корисниците на South East Water стапува на сила денеска, а Thames Water, која снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон, рече дека планира и ограничувања.

Претходно оваа недела, британскиот министер за животна средина Џорџ Џастис ги повика водоводните компании да преземат мерки на претпазливост за да го заштитат снабдувањето со вода и да се справат со ефектите од продолжената суша, бидејќи се предвидува нов топлотен бран низ целата земја, според Ројтерс.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор