Утрински Весник
Македонија

Ќучук: Ако Мицкоски води кампања со став против Бугарија тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ

Доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски води кампања со став против Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави за БТВ пратеникот на ДПС/АЛДЕ, Илхан Ќучук.

dobivaj vesti na viber

„Процесот на преговори меѓу ЕУ и Македонија се уште не е започнат бидејќи има скрининг кој ќе одземе одредено време. Тоа го знаеме од бугарското искуство, една и пол до две години треба да се дадат оценките за овој скрининг“, објасни Ќучук.

Тој потсети дека францускиот предлог за евроинтеграција на е предлог на ЕУ прифатен со консензус од сите земји членки. Освен тоа, тој ја нашол потребната политичка поддршка, како во бугарското народно собрание, така и во македонското.

„Мораме да бараме можности како да продолжиме оттука, а несомнено ги има многу“, смета Ќучук.

„На постигнатиот компромис треба да гледаме како на можност. Сега доаѓа големата тема – како да излеземе од оваа криза. Не само што треба да се тргне од политичката реторика во Бугарија и во РСМ, туку треба да се бараат потребните гаранции за да не влеземе повторно во оваа ситуација во која бевме порано“.
На крајот треба да се погрижиме двата народа подобро да се запознаат, постојано велам дека не се познаваат добро. Треба да се фокусираме и на проблемите на Балканот – проблемите меѓу Србија и Косово, проблемите во Босна и Херцеговина. Го знаеме регионот“, додаде тој.

Орце Костов

Можете да прочитате

Претставување нов пакет услуги за спречување на детската сиромаштија и социјална исклученост

„Гнездо“ – прв дневен центар во земјава за деца и семејства во социјален ризик

Сончево и топло до 24 степени