Утрински Весник
Спорт

Енис Барди веќе е во Трабзон: Многу сум среќен што ќе играм за шампионот на Турција

Енис Барди пристигна во Трабзон. Македонскиот репрезентативец денеска ќе го реализира трансферот во турскиот шампион Трабзонспор.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од шампионскиот тим на Трабзонспор. Многу сум среќен што сум тука. Останува да ги средам сите детали и потоа да се видам со мојот нов тренер и моите нови соиграчи“, рече Барди.

Тој во текот на денот треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише тригодишен договор со клубот.

Можете да прочитате

Палестинско знаме и судир со полицијата на трибините, мечот Бешикташ – Хапоел прекинат

Арсими последен четвртфиналист во Куп натпреварувањето

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас