Утрински Весник
Спорт

Ајакс го купи најдобриот дефанзивец од мексиканската лига

Мексиканскиот репрезентативец Хорхе Санчез е нов играч на Ајакс, потврди холандскиот клуб. Тој пристигна од Клуб Америка, а со „копјаниците“ потпиша четиригодишен договор.

dobivaj vesti na viber

Дека Ајакс донесе вистински ас во своите редови говори и податокот дека 24-годишниот дефанзивец минатата година беше избран во најдобриот тим на мексиканската лига.

Во дресот на репрезентацијата дебитираше во 2019 година, а една година подоцна со Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри.

Тој помина четири сезони во Клуб Америка каде одигра 150 натпревари и постигна два гола.

Можете да прочитате

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција