Утрински Весник
Свет

На милион деца во Лондон ќе им биде понудена вакцина против детска парализа

На околу еден милион деца под 10-годишна возраст во Лондон ќе им биде понудена итна вакцина против детска парализа, откако ќе се потврди дека вирусот се шири низ градот.
Вирусот за првпат е забележан во Велика Британија пред околу 40 години, кога бил пронајден повеќе од 100 пати во канализацијата, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Познато е дека вирусот предизвикува парализа кај еден од 100 случаи на инфекција, а може да биде поопасен за децата.

Властите во Велика Британија објавија дека вирусот е откриен 116 пати, но досега никој официјално не е дијагностициран со вирусот. Надлежните истакнаа дека ризикот за јавноста во моментов е низок бидејќи граѓаните се заштитени поради примањето вакцини во детството.

Сепак, вирусот е најмногу откриен во оние предградија каде стапките на вакцинација се меѓу најниските во ОК. Наскоро во тие области треба да започне кампања за итна вакцинација, а на родителите им се советува да ги вакцинираат своите деца „што е можно поскоро“, дури и ако децата редовно се вакцинираат против детска парализа.

Петте предградија каде што е забележана појава на вирусот имаат најлоша стапка на вакцинација во земјава, каде што вакцината ја примиле само околу 54,7 отсто од децата.

Можете да прочитате

Карго авион принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот на 22 февруари 2022 година