Утрински Весник
Магазин

Убиен е рок гитаристот Горд Луис, син му е обвинет за убиството

Горд Луис (65), основачот и гитарист на панк рок групата „Тинејџ Хед“, беше пронајден мртов во неделата во неговиот стан во Хамилтон, Онтарио (Канада) во, како што вели полицијата, очигледно убиство.

dobivaj vesti na viber

Неговиот 41-годишниот син – Џонатан Луис, бил уапсен веднаш откако полицијата пристигнала во станбената зграда. Според полицијата, тој е обвинет за убиство од втор степен.

Повеќе писатели и медиуми објавија дека им биле испратени низа пораки од две сметки за е-пошта со името Џонатан Луис. Пораките почнале околу 20 часот во саботата и продолжиле до доцните утрински часови во неделата.

Покрај барањата за помош, пораките вклучувале и упатувања дека неговиот татко е мртов.

Една е-пошта испратена во сабота навечер вклучувала: „Сега сакам само да добијам помош за мојата болест и да му дадам на татко ми правилно погребување. Тој не го заслужи ова“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите