Утрински Весник
Спорт

Мундијалот ќе почне еден ден порано и ќе го отвори домаќинот Катар?

ФИФА ќе го помести почетокот на Светското првенство во Катар за еден ден порано. Причината за овој потег е да се исправи првичниот распоред според кој првиот натпревар на првенството би го одиграле две селекции кои не се домаќини на мундијалот.

dobivaj vesti na viber

ФИФА ќе му даде шанса на Катар да го отвори Светското првенство со мечот против Еквадор, в недела на 20 ноември во 20 часот. Претходно турнирот требаше да го отворат селекциите на Сенегал и на Холандија, што секако ќе беше преседан.

Советот на ФИФА треба во наредниот период да ја потврди оваа одлука.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија