Утрински Весник
Спорт

Ристовски: Динамо Загреб сака во групите од ЛШ

Стефан Ристовски, капитенот на македонскиот национален тим, истакна дека Динамо Загреб заслужено се пласира во плејофот за пласман во групите од Лигата на шампионите. Синоќа Динамо и вторпат го победи Лудогорец (4:2), а Ристовски беше асистент на првиот гол.

dobivaj vesti na viber

„Го потврдивме пласманот во Европа, но одиме на пласман во ЛШ и се надевам дека ќе го избориме. Им честитам на соиграчите, а зашто – бизарен меч? Фудбалот е таков, се игра 90 минути. Денеска победуваш, утре тргнуваш од почеток. А, нас во сабота нѐ чека нов тежок меч. Бодо Глимт? Ќе го анализираме, но прво ни доаѓа Хајдук, кој е квалитетен и опасен. Јас излегов на полувремето поради жолтиот картон“, изјави Стефан Ристовски.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија