Утрински Весник
Македонија

Со т.н. ноќен радар 194 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер во периодот од 20.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД

Ноќна полициска акција во скопско: Пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

Македонија во жолта фаза: Жештините продолжуваат и во септември