Утрински Весник
Македонија

Формирана е Комисија за повлекување на учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Img 5587

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник – учебникот Социологија за 2-ра (втора) година гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела.

dobivaj vesti na viber

Инклузивниот процес за подобрување на квалитетот на едукативните содржини и за елиминирање на дискриминација и стереотипи, е најефективен и затоа МОН овозможува јавноста да биде вклучена во процесот на отстранување на грешките од различна природа и несоодветните содржини во учебниците. Информираме дека е креирана и е-mail адреса ([email protected]) каде можат да се испраќат коментари и забелешки за учебниците што се во употреба.

Img 5587

Во изминатиот период беа донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имаше реакции. Со темелната реформа на образовниот систем, што предвидува изготвување на нови наставни програми, ќе бидат изработени и нови учебници и материјали за учење по сите предмети. Во тек е постапка за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми, а согласно планот за реформирање на основното образование“ велат од МОН.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Знаеме дека на осми мај ќе однесеме двојна победа

Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции

Спасовски: Платите се зголемени за 35 проценти во МВР од 2017 до 2023