Утрински Весник
Спорт

Шкупи се надева дека може до пресврт против Шамрок

Img 5587

Македонскиот шампион Шкупи вечерва (21 часот) има намера да ја надомести негативата (1:3) од првиот меч и да го добие дуелот против ирскиот првак Шамрок Роверс, а тоа би значело и пласман во плејоф за групната фаза од Лигата на Европа, односно обезбедена најмалку групна фаза во Конференциската лига.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски верува во својот тим и порачува дека играта од второто полувреме во Даблин е рецептот за успех.

300x250 (7)

„Верувам дека можеме да ја надоместиме негативата, верувам во моите фудбалери. Треба да ја повториме играта од второто полувреме на натпреварот во Ирска и тогаш можеме да се надеваме на успех. Таму примивме наивни голови, но сега не очекува нов натпревар“, вели тренерот на Шкупи.

Ако го елиминира Шамрок, Шкупи ќе игра против поразениот од мечот Карабах – Ференцварош (1:1) во третото коло во ЛШ. Ако, сепак, Шкупи доживее елиминација од Шамрок, тогаш ќе игра плејоф за пласман во Конференциската лига и тоа против подобриот од мечот Балкани (Косово) – Ки Класквик (Фарски Острови), а косовскиот тим има предност од 3:2.

Ако успее Шкупи да го елиминира Шамрок, ќе има обезбедено најмалку групна фаза во Конференциска лига, а низ плејоф ќе се бори за групна фаза во Лигата на Европа, успех кој досега единствено Вардар го остварил од македонските клубови.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024