Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Се подготвува нов пишан документ со Бугарија кој ќе содржи нови обврски за Македонија

„Распродажбата на националните и државните интереси не престанува. СДСМ продолжува со концесиите кои ги дава на Бугарија. Откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017-та година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија“ обвини на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

„Ете до каде не дотера измеќарскиот менталитет на Ковачевски и СДСМ. Ова е погазување на суверенитетот на Македонија. Немањето на стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат “систематски пристап“ , со цитирам “ јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати`“ изјави Лефков.

Тој смета дека „кусогледоста и измеќарлукот на Заев, а сега и на Пендаровски и Ковачевски доведоа до тоа Македонија да добива нови и нови уцени, нови барања и задачи“.

Пратеникот е со став дека „сега, после еден месец од историскиот успех кој што го најави Ковачевски се случува нов дебакл и нов пишан документ со задачи. Овој документ ќе биде основата на која Бугарија ќе го оценува напредокот по нивни терк и според кој ќе одобрува или не продолжување на преговорите“.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик