Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Објавен е оглас за ангажирање на 200 нови образовни асистенти за учениците со попреченост

„Владата предводена од СДСМ продолжува да вложува во грижата за лицата со попреченост. Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што го зголемуваме бројот на асистенти во основното образование“ соопштија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „на овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем“.

„Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образовниот систем. Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците. Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Кривична за охриѓанец, украл марихуана од фабрика за медицински канабис во која бил вработен

За еден ден пријавени повеќе случаи на насилство врз и од малолетници