Утрински Весник
Спорт

Гигс бил обожуван од милиони, но имал и темна страна

300x250 (7)

Денеска започна судскиот случај против легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и поранешен селектор на Велс, Рајан Гигс за напад на неговата поранешна девојка Кејт Гревил, и англиските таблоиди пренесуваат шокантни тврдења за еден од најдобрите велшки фудбалери во историјата.

dobivaj vesti na viber

48-годишниот Гигс според „Сан“, ја исфрлил Гревил од хотелот „Стафорд Лондон“ додека таа била гола поради расправија откако тој флертувал со други жени. Гигс исто така е обвинет дека ја нападнал 36-годишната Гревил и нејзината помлада сестра Ема во нивниот дом во Ворсли на 1 ноември 2020. Покрај ова, Гигс е обвинет дека и се заканувал на својата поранешна девојка од август 2017 до ноември 2020.

Img 5587

„Тој беше идол на илјадници навивчи. На теренот неговите способности беа прекрасни. Надвор од теренот, неговиот приватен живот беше многу погрд и носеше темна страна, полна со насилство, психолошко и вистинско кон жената која велеше дека ја сака. Ова е приказна за контрола и принуда“, изјави обвинителот Питер Рајт.

Судењето започна во понеделникот и се очекуваа да трае најмалку 10 дена.

Ова не е првпат личниот живот на Гигс да биде предмет на англиските таблоиди, откако во 2011 се откри дека тој имал осумгодишна афера со Наташа Ливер, сопругата на неговиот брат Родри Гигс.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами