Утрински Весник
Спорт

Африканците бараат казна за претседателот на Наполи, Де Лаурентис

Конфедерацијата на африкнски фудбал (ЦАФ) во официјално соопштение изрази шокираност од изјавите на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, барајќи УЕФА да преземе мерки против Италијанецот по неговите коментари за африканските фудбалери.

dobivaj vesti na viber

Де Лаурентис изјави дека добро ќе размисли кога ќе потпише со нов африкански фудбалер, и дека ќе бара прво тие во договорот да се обврзат дека нема да настапуваат на Африканскиот куп на нации, бидејќи „им ги чуваме и воспитуваме фудбалерите, за потоа да ги загубиме“.

„Им кажав, момци, не ми зборувајте за Африканци веќе. Ги сакам, но освен ако не потпишат дека нема да играат на Африканскиот куп на нации, бидејќи никогаш не се достапни. Ние сме идиоти кои им плаќаме високи плати за да играат за други“, изјави Де Лаурентис.

Африканците бараат казна за него.

„Со јавно кажување дека фудбалерите кои ќе потпишат со Наполи мораат да потпишат дека нема да играат на Африканскиот куп на нации, Де Лаурентис ги прекршува правилата на УЕФА. ЦАФ бара итно отварање на дисциплинска постапка против него“, се вели во објавата на ЦАФ.

Де Лаурентис: Наполи ќе размисли дали ќе потпишува со африкански фудбалери

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот