Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс првпат во ТВ-серија

Холивудскиот миленик Кијану Ривс на некое време го напушта големото платно за да проба нешто ново, главна улога во телевизиска серија.

dobivaj vesti na viber

Заедно со Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, Ривс ќе биде извршен продуцент на претстојната серија на „Хулу“, Devil in the White City („Ѓавол во белиот град“), по сценарио на продуцентот на Castle Rock, Сем Шо, а во режија на Тод Филд, соопшти „Хулу“ во петокот.

Врз основа на истоимениот бестселер од Ерик Ларсон, новата серија ја раскажува приказната за доктор Х.Х. Холмс, измамник и сериски убиец кој го создаде опасниот Murder Castle (замок за убиства) на Светскиот саем во Чикаго во 1893 година, и Даниел Х. Бурнам, архитект и просторен планер кој го револуционизира урбаниот пејзаж и помогна во развојот на раните облакодери.

Актерот Џон Вик ќе го портретира брилијантниот Барнам, а иако Ди Каприо е извршен продуцент, не се очекува тој да се појави во серијата, пишува „Холивуд репортер“.

 

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите