Утрински Весник
Македонија

Казнети 198 возачи во Скопје, 87 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесате за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Кривична за кичевчанец, запалил смет во двор и предизвикал пожар кој се проширил

Свекор се заканувал на снаата дека ќе ја убие, судот му одреди отстранување од домот

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД