Утрински Весник
Свет

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија.

dobivaj vesti na viber

„ За жал, имаме значително влошување на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје. Руските терористи станаа првите во светот кои ја искористија најголемата европска нуклеарна централа за терор. Ќе го свртиме вниманието на светот на ова и ќе инсистираме на нови санкции против Русија поради создавање глобална закана“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека, и покрај фактот што руското гранатирање на нуклеарната централа е „едно од најопасните злосторства против Украинците и сите Европејци, поради некоја причина нема извештај, дури ни порака од Амнести интернешнал за тоа“.

„ Ова е многу елоквентен молк што уште еднаш укажува на манипулативната селективност на оваа организација“, додаде Зеленски.

Амнести интернешенел во четвртокот соопшти дека украинската армија „го загрозува цивилното население со создавање бази и поставување оружје во училиштата и болниците“.

Оксана Покалчук, шефот на канцеларијата на Амнести интернешенел во Украина, денеска поднесе оставка од оваа функција откако беше поднесен извештајот на организацијата во кој украинската армија беше обвинета за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток