Утрински Весник
Свет

Ердоган откри за што се разговарал со Путин: Повторно му понудив средба со Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин да ја организира неговата средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„ И покрај сите тешкотии на теренот, цврсто верувам дека украинската криза ќе се реши на преговарачка маса. Уште еднаш му спомнав на претседателот Путин дека можеме да ја организираме неговата средба со Зеленски“ нагласи Ердоган.

Турскиот претседател нагласи дека Путин има фер пристап кога станува збор за евентуална турска воена операција во Сирија и дека ја поддржува Турција во борбата против тероризмот.

По враќањето од Сочи, каде вчера разговараше со рускиот претседател, на новинарите во авионот, на прашањето за воената операција, им рече дека Путин секогаш ќе биде со Турција во борбата против тероризмот, пренесе Спутник.

Ердоган изјави и дека следната недела ќе го посети градилиштето на нуклеарната централа „Акују“ и самиот ќе се увери како напредуваат работите и дека потоа ќе му поднесе извештај на Путин.

„ Нуклеарната централа Акују има посебно значење во енергетската стратегија на нашата земја. Останува наша цел да го ставиме во функција првиот реактор во 2023 година“ рече Ердоган.

Тој изјави и дека Турција и Русија потпишале еден вид „патоказ“ за економска соработка со намера обемот на трговската размена да се зголеми на 100 милијарди долари. Исто така, кажал и дека со Путин разговарал и за употребата на руската картичка „Мир“ во Турција.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале