Утрински Весник
Економија

РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати

Dik 300x250 mk

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост, и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата.

dobivaj vesti na viber

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената и енергетската криза, активностите на Банката оваа година се во знакот на поддршка на деловните субјекти во насока на намалување на последиците од економската и енергетската криза предизвикана од геополитичките случувања, со цел, полесен пристап до ликвидни средства.

„Во периодот од 01.01 – 30.06.2022 година, Банката работеше согласно усвоениот финансиски план, развоен план и деловна политика за тековната година, и оствари позитивен нето-финансиски резултат од 45 милиони денари (732 илјади евра), што е речиси двојно повеќе во однос на остварениот резултат во истиот период од 2021 година. Вкупната актива на Банката е зголемена за 43% и изнесува 16,4 милијарди денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 54%, и на изложеноста по основ на факторинг услугата од 200%.
Во првата половина од годината, РБСМ ги повлече последните три транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 40,8 милиони евра, со тоа што сите 100 милиони евра од оваа кредитна линија се веќе ставени во функција на поддршка на малите и средни компании“ се вели меѓудругото во соопштението на банката.

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити