„Ролинг стонс“ во средата ја завршија својата 60. турнеја со концерт во Берлин каде што му оддадоа почит на покојниот тапанар на бендот, Чарли Вотс, кој почина пред една година на 80-годишна возраст.
Легендарните британски рокери на 1 јуни ја започнаа европската турнеја во Мадрид, по повод одбележувањето шест децении постоење. Наречена Sixty, турнејата опфати 14 концерти во Европа и ја следеше турнејата No Filter што „Стоунс“ ја започнаа во 2017 година, но мораа да ја одложат поради пандемијата, и ја завршија и покрај смртта на Вотс минатиот август.
„Овој концерт е 118. појавување на нашиот бенд во Германија,“ изјави фронтменот Мик Џегер (79) пред публиката во амфитеатарот на отворено во Валдбуне западно од Берлин.
„Стоунси“ своето последно европско шоу му го посветија на Вотс, а Џегер на публиката од околу 22.000 луѓе им кажа дека испиле неколку чаши „шнапс“ во чест на Вотс вечерта пред концертот. Свиреа повеќе од два часа непрекинато, изведувајќи познати хитови, но и понови, честопати вклучувајќи ја публиката во изведбата, мѓу нив и Midnight Rambler, кој траеше 10 минути.
Ги изведоа и нивните класици Start Me Up, Paint it Black, Jumpin’ Jack Flash и I Can’t Get No Satisfaction, кои ја запалија публиката.