Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет лица мигранти

Вчера околу 13.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ.(58) од Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Во Дебар, во приколка од товарно возило, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х.(38), двајцата од Сирија, Е.Т.(24) и И.И.(27), двајцата од Пакистан и М.Д.(20) од Авганистан.

Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда