Утрински Весник
Економија

Ќерката на Џафери избрана во Надзорниот одбор за парното во Скопје

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од АД ЕСМ велат дека Бесијана Џафери Беќири, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери е избрана во Надзорниот одбор на компанијата за снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за обезбедување парно греење за Скопје.

dobivaj vesti na viber

„ Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени“ додаваат од ЕСМ.

ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетига ѝ ги одзеде лиценците.

Во надзорните одбори се назначени: едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист. Од компанијата појаснуваат дека сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра