Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Помагаме во чистењето на дивите сметишта, но општините мора да ги обезбедат услугите и во најизолираните населби

Img 5587

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Хисен Џемаили и директорот на ЈУНП „Шар Планина“ Ибрахим Дехари направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на националниот парк Шар Планина.

dobivaj vesti na viber

Активностите опфаќаат чистење на 16 диви депониии во општина Тетово и 12 диви депонии во општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар и транспорт на отпадот до депонијата „Русино“.

300x250 (7)

Средствата потребни за реализација на овие активности се обезбедени од страна на МЖСПП.

Во оваа прилика министерот Нуредини укажа на обврската општините, согласно Законот за управување со отпад доследно да го спроведуваат начелото на универзалност на услугите и да обезбедат собирање и транспорт на комуналниот отпад и целосно покривање на подрачјето на кое ја извршуваат јавната услуга за управување со отпад, вклучително и изолираните населби.

Според Нуредини единствено на овој начин може да се спречи повторното појавување на „диви депонии“ во овие општини со што средствата инвестирани во активноста ќе ја постигнат целта – чиста и здрава животна средина и подобри животни услови на населението.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Сиљановска-Давкова: Победата е за сите граѓани, знаеме дека ќе гласате за тие што носат промена

Пендаровски: Бројот 1 е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот