Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид заинтересирани за Павар

Баерн Минхен е подготвен да го продаде францускиот интернационалец Бењамин Павар кој искажа незадоволство од својот статус во шампионот на Германија. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ го понуди дефанзивецот на фудбалскиот маркет, а заинтересираност покажаа Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Ерик тен Хаг сака ново име со оглед дека Ван-Бисака е пред заминување од „Олд Трафорд“, а и Карло Анчелоти би довел нов десен бек како конкуренција за Дани Карвахал.

Павар може да игра и како централен дефанзивец, па тоа им дава и дополнителни опции со него на заинтересираните клубови.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија