Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка на Табановце, тешко повреден мотоциклист

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на граничниот премин Табановце.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с. Сопот, Кумановско, и мотоцикл „јамаха“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од А.А.(40) од Свети Николе.

По несреќата, А.А. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде што биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!