Утрински Весник
Спорт

Челси ги нуди Аспиликуета, Алонсо и плус пари за да го купи Френки де Јонг од Барселона

Англискиот премиерлигаш Челси има деловен предлог за Барселона кој би можел да ги задоволи двете страни. Според каталонски „Спорт“ лондонскиот клуб размислува да го ангажира Френки де Јонг и со одредена сума пари да понуди уште двајца фудбалери кои веќе се цел на Барса, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

dobivaj vesti na viber

Проблемот е што Барселона сака со парите од продажбата на Де Јонг да ги стабилизира финансиите, но со оглед на големиот интерес за шпанскиот тандем би можеле и да попуштат за овој предлог во Каталонија.

Френки де Јонг е голема желба и на Манчестер јунајтед, но Холанѓанецот одби да се пресели на „Олд Трафорд“ затоа што клубот оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина