Утрински Весник
Свет

(Видео) Отстранети барикадите, преминот Мердаре пуштен за сообраќај

Српските цариници синоќа останаа на административните пунктови Брњачки мост и Рудница/Јариње и покрај тензиите предизвикани од одлуката на Приштина од полноќ да не ги признава документите од Србија, соопшти денеска Царинската управа, пренесе Бета.

dobivaj vesti na viber

Откако властите во Приштина најавија дека на покана на Амбасадата на САД ќе ја продолжат одлуката за издавање документи за влез-излез на српските државјани за еден месец, доколку се отстранат барикадите, утрово преминот Мердаре е пуштен за сообраќај, каде што се уште се издаваат такви документи.

На Мердаре на граѓаните на Србија им се издаваат влезни и излезни документи од косовска страна, кои важат наместо лични карти.

Според изјавите на лицата кои поминале низ Мердар, влезно-излезниот документ содржи број на лична карта и име и презиме на имателот, кој е должен да го има кај себе додека е на територијата на Косово, а истиот е со важност во следните четири месеци.

Засега нема информации кога ќе бидат отворени премините Јариње и Брњак кои се уште се затворени бидејќи косовските цариници не ги добиле документите за влез-излез, а патиштата се уште се блокирани.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации