Утрински Весник
Свет

Гренел: Курти е фашистички премиер, Белград да не наседнува

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека косовскиот премиер, Албин Курти живее во минатото и е „фашистички премиер“. Гренел ги советува српските лидери да не наседнуваат на тоа.

dobivaj vesti na viber

„ Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи“, напиша Гренел на Твитер.

Американскиот политичар нагласи дека „тоа што се му случува на Балканот не е Русија“.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина