Утрински Весник
Македонија

Одземени три возила поради учество во „диви трки“ на автопатот Тетово-Скопје

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на сообраќајот Тетово откри и времено одзеде три патнички возила, поради сомнение дека учествувале во таканаречени “диви” трки на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник.

dobivaj vesti na viber

Притоа, одземени се: “бмв” со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Гостивар, “сеат ибица”, со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и “фолксваген голф”, со скопски ознаки, управувано од У.С.(21) од Тетово.

Одземена, исто така, е и возачка дозвола од Л.А.(39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило “бмв”.

По целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври