Вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници во Словенија се потврдени од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.
Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и во Босна и Херцеговина, пренесе агенцијата СТА.
Уште една третина се заразиле во Словенија, а за преостанатите сѐ уште не е познато од каде се заразиле.
Мајмунските сипаници почнаа да се шират од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.
Последните податоци на СЗО покажуваат дека се потврдени повеќе од 18.000 случаи на инфекција и пет смртни случаи во 78 земји во светот.