Утрински Весник
Спорт

Дибиров откри кој го убедил да го напушти Вардар и да се пресели во ППД Загреб

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров по девет години во РК Вардар одлучи да го напушти клубот и замина во ППД Загреб. Неколку дена по преселбата откри кој имал клучна улога за неговата одлука.

dobivaj vesti na viber

Дибиров разговарал со својот поранешен соиграч од шампионските периоди на Вардар, Иван Чупиќ, кој го убедил да му се придружи во ППД Загреб.

„Кога ми се јави Чупиќ и ми објасни сè, сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект, не е доволно да си силен само на хартија. Да беше сè така лесно, секоја година ќе победуваа Барселона, ПСЖ и Кил. Верувам дека ППД Загреб има силен тим за да се носи со сите во Лигата на шампионите“, изјави Дибиров за хрватските медиуми.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027