Утрински Весник
Македонија

Нова градинка за 200 деца во Општина Аеродром

Аеродром добива нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца. Градинката е лоцирана во Стар Аеродром на површина од 1700 м2, има 8 занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на Советот на општината Дејан Митески и раководните лица на градинката, денеска извршија увид во активностите во новиот објект кој наскоро ќе започне со работа.

Аеродром, како и другите скопски општини, се соочува со огромен проблем со изнаоѓањето капацитети за згрижување на стотици деца. Токму затоа, главна заложба на градоначалникот Муцунски и новата општинска администрација е што побрзо решавање на овој проблем и итно зголемување на капацитетите.

Покрај оваа во Стар Аеродром, нови градинки и доградба на постојните ќе има и во Мичурин, во близина на кулите Џевахир, во Населбата Лисиче и на неколку други локации низ општината.

Вложувањето во подобрување на инфраструктурата за најмладите е наш врвен приоритет, велат од Општина Аеродром.

Можете да прочитате

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска