Утрински Весник
Економија

Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов производ – Промотивен депозит плус

Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите што ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај Депозит плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отворање на овој депозит е 2.000 МКД.

Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20.9.2022 година.

Повеќе детали за овој производ можете да пронајдете на веб-страницата на Шпаркасе Банка на следниот линк.

Шпаркасе Банка претставува сигурен и стабилен партнер, дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа која бележи повеќе од 200 години традиција во штедење. Штедењето е корисна навика што подразбира редовно издвојување определен процент од приходот за обезбедување економска сигурност и полесно справување со очекуваните и неочекуваните трошоци или, едноставно, за исполнување некоја поголема желба.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

ПР

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик