Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Изборот на асфалт за стази во Градскиот парк е тотално незнаење и лош вкус

Поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов реагира на асфалтирањето на патеки во Градскиот парк од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„ Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20-ти век), постојат (постоеа, сега веќе) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години.
До денес ????. Денес дојдоа “новите ветришта” …

П.С. Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус !!!“ напиша Шилегов на Фејсбук.

Инаку, на социјалните мрежи голем број граѓани реагираа на употребата на асфалт во Градскиот парк.

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово