Утрински Весник
Свет

Индија: Дваесет луѓе загинаа од гром во еден ден

Во удари од гром загинаа 20 луѓе во осум области на источната индиска држава Бихар за само 24 часа, објави утринава Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

За денеска и утре се предвидуваат повеќе грмежи со удари во северните делови на државата.

Официјални лица во Бихар апелираа до жителите внимателно да ги следат советите на властите за управување со катастрофи и најавија дека на семејствата на загинатите ќе им биде исплатена отштета во вредност од пет илјади американски долари.

Во Индија стотици луѓе годишно умираат од грмотевици за време на монсунските дождови. Големиот број на жртви се должи на тоа што голем број луѓе во Индија работат на отворено.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот