Утрински Весник
Свет

Џонсон го спореди Зеленски со Винстон Черчил

Борис Џонсон го спореди Володимир Зеленски со Винстон Черчил. Британскиот премиер рече дека верува оти „духот на Черчил оди со Зеленски“ и е таму со него при секое исшушение низ кое минува, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Џонсон направи споредба за време на церемонијата на Даунинг стрит каде на Зеленски, кој се појави преку видео врска, му беше врачена наградата за лидерство на Сер Винстон Черчил. На церемонијата присуствуваа членови на семејството Черчил и Меѓународното друштво Черчил.

„Исклучителна чест ми е што ја добив оваа награда за лидерство. Украина не остана сама по 24. февруари, ги имавме оние кои ни помогнаа, кои во најцрните времиња се сетија што е чест и кои не размислуваа да се откажат од борбата. Зборувам за тебе, Борис“, рече тој.

„Оваа награда е и ваша и таа е манифестација на нашето заедничко лидерство на Украинците, Британците и сите оние кои нема да ја дадат својата слобода на ниту еден тиранин“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп