Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски-Кравињо: Македонија интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења околу можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, унапредување на првната рамка и зајакнување на економската соработка, а воедно беше изразено и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Северна Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.

Можете да прочитате

Родителите се сомневаат на лекарска грешка, а пријавен бил и инцидент во тетовската болница – Обвинителство нареди обдукција

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!